Проектот е спроведуван во рамки на Нордиската поддршка за напредок на Северна Македонија и финансиран од кралствата Норвешка и Шведска, а поддржан од Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на ОН за проектни услуги.
Времетраење на проектот: 10 месеци
Буџет: 37.740 USD
Општа цел:
Општата цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост преку намалување на родовите предрасуди и стереотипи во училиштата.
Целни групи:
Поединечни цели
- Јакнење на капацитетите на институциите, како и на наставниот и педагошко-психолошкиот кадар во основните училишта, со цел правилно препознавање и намалување на стереотипите при имплементација на наставните содржини;
- Да се подобри создавањето на стручна теорија и прибирањето на податоци со цел да се намали родовата нееднаквост;
- Да се покрене свеста за важноста на образованието како клучно за општествена трансформација и унапредување на човековите права, вклучително и унапредување на родовата еднаквост;
Резултати од проектот
- Дискусија со релевантни претставници за покренување на прашањето за создавање на родово сензитивна стручна теорија и запазување на родовата сензитивност во сите сфери и фази од учебниот процес;
- Продуцирање на наставен и педагошко-психолошки кадар во основните училишта, спремен да се справи со родово сензитивните предизвици при имплементација на наставните содржини;
- Изготвена анализа на три учебници;
- Изработка на едно видео и девет промотивни летоци;
- Изготвен извештај со препораки за подобрување на состојбите;
- Практичен чекор-по-чекор прирачник за родово-сензитивнa имплементација на наставните содржини;
Финални корисници:
Ученици од основните училишта, државни институции(Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика), родители, општата јавност, пазарот на труд.
Родово сензитивно училиште е училиште, во кое академската, социјалната и физичката средина ги имаат предвид специфичните потреби на девојчињата и момчињата. Ова значи дека сите клучни фактори во училиштето – училишното раководство, наставниците, учениицте, родителите и другите засегнати страни во образованието ги разбираат образовните принципи и практики што промовираат родова еднаквост.
Институтот за човекови права во рамки на проектот „Намалување на родовите стереотипи во образованието“ изработи 2 Анализи за присуството на родовите стереотипи во наставните материјали на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик
Образованието е катализатор на социјалните промени и е неопходно за постигнување на основните човекови права.