news-bg

Новости

Проект:
ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19 КРИЗАТА

ФОКУС ГРУПИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19 КРИЗАТА“

На 7 и 8 јули 2021 година, Институтот за човекови права одржа две онлајн фокус групи со претставници на граѓански организации кои работат со маргинализирани групи на граѓани. Целта на овие фокус групи беше споделување на искуства и заклучоци меѓу граѓанските организации кои работат со маргинализирани групи на граѓани со цел да се утврди степенот на примена на пристапот заснован на човекови права и остварувањето на загарантираните права како на пример: правото на здравје, здравствена заштита, слободата на движење, право на пристап до правда, право на образование, пристап до информации од јавен карактер и други права кои беа подложни на рестрикции за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.